Никола ТЕСЛА, електроинжинер, пронаоѓач (10. 7. 1856-7. 1. 1943)
Никола Тесла, генијалниот американски научник од српско потекло – роден во Хрватска(јас сум Србин ама мојата татковина е Хрватска), најмногу допринел за науката и технолошкиот прогрес на светот како пронаоѓач на вртливото магнетно поле, индукциониот мотор, повеќефазните наизменични струи, генераторот и комплетниот систем на производвоство и дистрибуција на електричната енергија. По него единицата во меѓународниот СИ систем за густината на магнетниот флукс добива назив – мерка за магнетна индукција(магнетно поле) "Тесла". Тесла го конструирал генераторот на струи со високи фреквенции и напон, денес познат како "Теслин трансформатор", трансформатор без јадро, Теслина намотка, или Теслин калем. Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теоретската физика.
Роден е 10. јули 1856. године во Смиљан кај Госпич во Лика, (Воена граница,на тогашна Австрија, денес Република Хрватска).
Таткото на Тесла се викал Милутин, а по занимање бил свештеник.Фамилијата Тесла пред тоа го носела презимето Драганич, а подоцна го презела презимето Тесла, поради тоа што еден од предците имал големи предни заби кои наликувале на ковачки алат, па по тоа го добил прекарот «Тесла». Многумина од Теслините предци живееле многу подолго од него што е необично за човечкиот век, па постоела приканзата дека еден од нив ја доживеал и 140 година. Таткому Милутин Тесла се оженил со Џука Мандич, родена во Грачац. Милутин најпрво работел во парохија во Сењ, а од 1857.бил парох во Смиљан (пред тоа бил само администратор). Во Сењ наводно одржал прекрасни проповеди «ЗА корисноста на работата» и затоа архиепископот го одликовал, по што Милутин постанал парох. Во Смиљан му се родиле Никола и Манда, додека Ангелина, Милка и Дане родени се во Сењ. Милутин пишувал песни и ги објавувал, а го познавал и италијанскиот, хрватскиот и германскиот јазик.
Мајката на Никола ,Џука потекнувала од една многу стара Личка фамилија.. Нјезиниот татко, баш како и подоцна нејзиниот маж, бил свештеник. Самиот Никола Тесла во своето дело «Моите Пронајдоци» за мајкаму пишува: «Навистина беше многу посебна и способна жена, храбра и постојана, ги совладуваше животните олуи и извлекуваше од нив многу искуство.». Кога Никола имал само пет години неговиот брат Дане настрадал во несреќен случај. Тоа го обележало целокупниот иден живот на Никола. Дане наводно бил невобичаено надарен и родителите биле многу поносни на него, а Никола не го сметале за премногу интелигентен, па поради тоа тој непрестајно се споредувал со братму. Братовата прерана смрт била страшен удар за целата фамилија, а посебно за мајкаму и таткому. Никола тогаш одлучил дека ќе се обиде да биде подобар од починатиот Дане и дека на тој начин ќе им го надокнади губитокот на своите родители.
Се Школувал во Австриска држава , подоцна Австроунгарска монархија,односно Основно школо завршил во Смиљан и Госпич (1862-1866), а Реална гимназија во Госпич (1866-1870). Завршил и Висока реална гимназија во Карловац (1870-1873). Од 1875. до 1878. година студира на Политехничката шшкола во Грац, а 1880. година се запишува на студиите по природна филозофија на Универзитетот во Прага. Во периодот од 1881. до 1882. година работи во Будимпешта, во Централниот телеграфски уред.
Заправо тука го започнува својот голем иноваторски период – го усовршува апаратот за појачување на гласот кај телефонот, а во фебруари 1882. година доаѓа на идејата за вртливото магнетно поле. Во Средината на 1882. година замнува во Париз, во Едисоновото Континентално друштво, а 1883. година од Париз преминува во Стразбур. Таму го направил првиот прототип на индукционен мотор.
Потоа заминува во 1884. година во САД и почнува да работи во Едисоновата компанија. Уште 1885. година го напушта Едисон и основа сопствена компанија – "Тесла Арц & Лигхт Цо." Почнува да ги прави првите мотори и генератори на наизменични полифазни струи. Првиот патент го пријавува на Американскиот патентен завод на 6. мај 1885. године — "Комутатор за електрични динамо-машини".
Следат патентите од областа на регулацијата на лачни лампи. Во периодот од 1887. до 1890. година ги пријавува своите најпознати патенти од областа на полифазните наизменични струи, генератори и мотори. Пронајдоците јавно ги прикажува во Американскиот институт на електроинжинери, на 16. мај 1888. годин, на првото предавање "Новиот систем на мотори и трансформатори на наизменична струја". Одма после тоа Компанијата "Вестингхаус" ги откупува првите седум Теслини патенти од областа на полифазните струи. Во Питсбург (1888-1889) со инжинерите на Компанијата "Вестингхаус" работи на практичната реализација на своите патенти. Во текот на овој период направени се припреми за реализација на првата централа на Нијагарините водопади по Теслиниот систем. Централата е комерцијално отворена 15. ноември 1896. година со пуштање на струја до градот Бафало и беше вброена во едно од светските чуда во тој период.
Следна голема област на неговите истражувања се наизменичните струи на високи фреквенции и нивното дејство. Пред Американскиот институто на електроинжинери на 20. мај 1891. година во њујорк Тесла држи предавање "Експериментите со наизменична струја на многу големи фреквенции и нивна примена во вештачкото осветлување". Година дена порано (1890) ги објавува резултатите за физиолошкото влијание на струјите со високи фрекевенциии.
Во текот на периодот од 1891. до 1896. година ги пријавува патентите сврзани со Теслин осцилатор со резонантен високофреквентен трансформатор без железно јадро и греење кои во неговите истражувања се заменети со Херцов осцилатор и Румкорфов индуктор. Струите кои ги произведува Теслиниот осцилатор се со фреквенции од неколку десетина иљади Херци и го носат во науката името Теслини струи. Со патентите за осцилаторите, пријавува и многу патенти за уреди за пратење — прекинувачи на кола, кондензатори и слично.
На повик на Кралскиот институт од Лондон 1892. година и Француското друштво за физика заминува во Лондон и Париз, каде го држи предавањето “Експерименти со наизменични струи на високо напон и високи фреквенции”.Во текот на својот престој во Европа го посетил и Белград, 2. јуни 1892. година. Тесла во 1893. година со својот систем на четири кола во резонанца покажал дека антената, заземјувањето и резонанцата се три елементи кои мора да ги поседува секој предавател и приемник за бежична телеграфија со што го отворил патот за откривање на модерното радио.
Во почетокот на 1895. година продолжува со истражување на високите фреквенции проучувајќи ги дејствата на струите на разредени гасови, користеќи Ленардови цевки.
Еден е од првите научници на американскиот континент кој добил рендгенска снимка на шаката, черепот, коленото и лактот. Тој е прв истражувач кој укажал на многу штетното дејство на рендгенските зраци на организмот при многу долго изложување на зрачењето.
Во текот на 1897. година ги пријавува патентите од областа на радиотехниката, а во1898. година пријавува патент со кој го заштитил уредот и начинот за управување на механизам со покретни објекти.
Во њујорк изведува јавен експеримент со радио-управуван (теледиригиран) брод. Овие патенти посмртно, пред врховниот суд на САД, му донесле приоритет во откривањето на радиото. Во 1943 година,Врховниот суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото.
Во периодот од 1899. до 1900. година Тесла се наоѓа во Колорадо Спрингс, каде на надморска висина над 2000 м гради лабораторија со емитер со снага од 200 кW. Конструирал трансформатори кои производувале напони до 12 милиони волти и струи со фреквенции од неколку десетина иљади херци. Во Колорадо го усовршил високофреквентниот трансформатор, кој го носи неговото име — Теслин трансформатор — трансформатор без јадро. Во експериметалните белешки од тој период пишува дека низ земјата се распространуваат стационарни бранови и таа особина може да се употреби за бежичен пренос на енергија..
Патентите врзани за радиотехниката и своите замисли за бежичен пренос на енергија ги пријавува од 1900. до 1902. година. Во периодот 1901-1905. година ја градеќе големата експериментална станица-централа со висока антенска кула на Лонг Ајленд кај њујорк, со идеа да реализира свој "Светски радио систем". Овој проект никогаш не е завршен.
Последните години(1909-1922) се занималвал со пронајдоците од областа на машинството:Турбини,пумпи,брзиномери.Теслините пумпи без лопатки денеска се во комерцијална употреба.
Во текот на својата кариера Тесла патентирал 250 изуми во Америка и во земјите широм светот. Голем дел од неговите пронајдоци станаа основа за модерното инжинерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација.
Во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан со приматот луд научник .Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет.
" Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш нема да го добие ова големо признание. Во 1915.година дописниците на Дејли телеграф и телеграфските агенции од Копенхаген пратија вест на 5. ноември дека Никола Тесла и Томас Едсион би требало да добијат Нобелова награда за физика. Оваа вест предизвика големо интересирање во јавноста, но се покаж дека веста не е точна. Тесла и Едисон не биле таа година званично номинирани за доделување на наградата. Професорот Феликс Еренхафт од Виена упатил до Нобеловиот комитет во 1937. година предлог со образложение за номинација на Никола Тесла за награда од физиката и тоа за пронајдокот на високофреквентни струи и вртливото магнетно поле. Предлогот е одбиен со образложение дека Теслините пронајдоци, иако генијални и корисни во шширока област на електротехниката, се остварени пред четириесет години и дека Нобеловиот комитет не доделува награди за допринос остварен во минатото.
Во автобиографијата «Моите пронајдоци» Тесла својот пронајдок" Високонапонски предавател", го нарекол «најдобар пронајдок». Високонапонскиот предавател е трансформатор кој произведува повеќемилионски напони. Подесен е така да може да ја побуди Земјата која Тесла ја сметал за инзворедно проводно тело низ кое енергијата можеда се пренесе до било која тачка на планетата.
Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.
Хронолошки најзначајни датуми од теслиниот живот:
10. јули 1856. се родил во Смиљан во Лика, тогаш Австриско Царство, денес Република Хрватска;
1873. матурирал на Вишата реал гимназија во Карловац, Австроунгарија; 1875-78. студира на Политехника во Грац, Австроунгарија;
1880. студира филозофија на природата на Универзитетот во Прага;
1881. ја почнува кариерата на инжинер во Будимпешта и тука го остварува своето прво откритие, апарат за појачување на гласот кај телефонот;
1882. го пронаоѓа вртливото магнетно поле. Истата година заминува во Париз да работи во Едисоновата компаниа;
1883. со работата престојува 6 месеци во Стразбур; овде го направи работниот модел на индукциониот мотор;
1884. заминува во Америка и првото запослување го добива во Едисоновата компанија;
1885. го напушта Едисон, основа сопствена компанија и ги пријавува првите патенти од областа на лачното осветлување;
1887. пријавува патент за индукционен мотор и систем на производство, пренос и користење на електрична енергија; држи предавање пред здружението на електротехнички инженери во њујорк; прави договор со "Вестингхаус" за користењена своите патенти;
1889. работи 1 година на усовршување на своите мотори во фабриката на Вестингхаус која го започнува наголемо нивното производство
1890. почнува да се занимава со експеримент со струи на високи фреквенции;го пронаоѓа генераторот на струја со висока фреквенција; 1891. го пронаоѓа трансформаторот без јадро.
1892. престојува во Лондон и Париз и држи предавање за своите најнови истражуивања; го посетува родниот крај, престојува во Лика, а потоа и во Белград;
1893. со своите експерименти постигнува голем успех на Светската изложба во чикаго; заедно со Вестингхаус убедливо го демонстрира својот систем на производство, пренос и користење на наизменичните струи што беше одлучувачко за усвојување на тој концепт во изградбата на хидроенергетскиот систем на Нијагарините водопади;
1894-95. го пронаоѓа механичкиот осцилатор и генераторот на електрични осцилации;
1895. изгоре Теслината лабораторија на Јужната пета авенија во њујорк; 1895-96. се занимава со истражување од областа на рендгенските зраци; 1897-98. ги истражуава можностите на бежичен пренос на енергија; го прикажува моделот на теледиригиран брод, што е прв експеримент на користење на радио бранови за далечинска контрола;
1899. во Колорадо Спрингс гради лабораторија и во неа експериментира со осцилаторен трансформатор од 12 милиони волти;
1900-05. на Лонг Ајленд кај Нјујорк прави антена на Светската радио станица со цел да направи глобален систем на пренос на вести и енергија; 1907. направен е првиот работен модел на Теслината турбина во која се применува нов принцип искоритување на енергијата на флуидот со помош на триење;
1908. тестирана е модел на пумпа во фабрика на Американско-британска компанија;
1909. прави скици и прорачуни за аеромобил; врши први тестови со парни и гасни турбини;
1911-13. ги испитува своите парни турбини во Едисоновата централа во Нјујорк;
1913. ги добива основните патенти за пумпата и турбината во кој се користи новиот принцип на работа; со проектот на генератор за предно светло за локомотива ја почнува соработката со Компанијата "Дресел";
1914. ги пријавува патентите за неколку типови на брзинометри; работи на конструкција на различни типови на фонтани;
1917. работи на турбо-динамо;
1918-20. соработува со Компанијата "Алис Чалмерс "заради производство и испитување на своите парни и гасни турбини;
1920-23. соработува со Компанијата "Бад" поради производство на автомобилски мотори;
1928. добива патент за летало со вертикално полетување;
1930-35. се занимава со подобрување на процесот на производство и преработка на сулфурот,железото и бакарот;
1936. предлага проекти од телегеодинамика или способност на пренос на енергија по механички пат низ земјата и одбрамбено оружје популарно наречено "зраци на смрта";
1937. доживува собраќана несреќа;
7. јануар 1943. умира во хотелот њујоркер во њујорк.